Знаме на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република (ЗСФСР) — обележје на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република од почетокот на републиката, па сè до нејзиното укинување во 1936 г.
Во уставот на ЗСФСР 1922 г. стои: Знамето на Кавкаската Социјалистичка Федеративна Советска Репубглика се состои од основа со црвена (алова) боја, во чиј агол, кај самиот јарбол, врз тоа полукружно се испишани златни букви „З.С.Ф.С.Р.“, а под нив, во левиот агол, црвена, порабена со злато петокрака ѕвезда.В. А. Соколов, Вексиллологический справочник по флагам Российской империи и СССР, т.1, М, РИЦ МГИУ, 2002
Во уставот од 1925 г. е дополнето дека сразмерот на знамето изнесува 1:2.
Знамето е укинато на 5 декември 1936 г. со престанокот на републиката и нејзината поделба на Азербејџанска, Грузиска и Ерменска ССР — секоја со свое знаме.
Поврзано Грб на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република
Наводи
Надворешни врски
Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република