Света Троица — главна селска црква во селото Ратавица. Црквата е сместена во северниот дел од селото, во непосредна близина на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“.
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 13 мај 2010 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.Спасовден - преосветување на црква во с. Полаки и поставување камен темелник за изградба на нова црква во с. Ратавица - Злетово , страница на Брегалничката епархија. Изградбата била завршила во 2015 година, а црквата била осветена на 3 мај 2015 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод 70 години од одржувањето на првиот црковен народен собор во Скопје во март 1945 година.Осветување на црква во с. Ратавица - Злетово , страница на Брегалничката епархија.
Архитектура
Градбата има правоаголна основа, со апсида во задниот дел, и претставува крсто-куполен храм со осумаголна купола. Пред влезот на црквата има натстрешница со триаголен кров која е поддржана од два јонски столба. На предниот дел од натстрешницата има дрвена основа на којашто се наоѓа дрвен крст. Ѕидовите на црквата и столбовите на натстрешницата се обоени во жолта боја, додека јонските капители се бели. Градбата и натстрешницата се покриени со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со метален кров. Над влезната врата има живопис на полукружна основа кој го отсликува Светото Тројство. Внатрешноста на црквата целосно е живописана. Црквата нема камбанарија, но истата е во изградба во непосредна близина на градбата, од левата страна на главниот влез.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Злетовска парохија Ратавица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ратавица Ратавица Категорија:Македонската архитектура во 2015 година