Перуќко Езеро — вештачко езеро на реката Цетина, помеѓу планините Динара и Свилаја во Хрватска. Површината на езерото изнесува 15 км2, најголемата длабочина е 65 м, а неговата должина е околу 20 км. Езерото настанало во 1958 година со изградбата на браната Перуќа. Со изградбата на оваа брана биле поплавени делови од околните села, вклучувајќи плодни земјишта и куќи. Поплавен бил и манастирот Драговиќ од 1395 година, кај селото Кољане, а бил изграден нов на повисоко место. Хидроелектраната Перуќа била изградена 2 години после подигањето на браната кај Бителиќ. Езерото е значајно и за регулација на нивото на водата на Цетина т.е. спречување на поплава.

Категорија:Вештачки езера Категорија:Хрватска