Тимок или Голем Тимок () — река во источна Србија. Претставува е збир на реки со исти имиња и со придавки пред нив (Црн Тимок, Бел Тимок, Сврљишки Тимок, Трговишки Тимок, Голем Тимок). Од изворот на Сврљишки Тимок до устието на Велики Тимок во Дунав има должина од 202 км. Реката тече низ Србија ,а последните 15 км ја претставува границата на Србија и Бугарија.уште се наоѓа и на надморска висина од 28 м,што претставува и најниска точка во Србија. Тимок е дел од Црноморскиот слив со протек од 24 м3/с, а може да достигне и 40 м3/с.Тимок е десна и последна притока на Дунав во Србија.

Тимок е широк 35 м, а длабок 0,5 - 1,5 м. Негова најголема лева притока е Вражогрначка река (45 км), а по тоа влегува во епигенетска Вражогрначка клисура длабока околу 150-240 м, која се простира во должина 4,5 км. Каде што поминувс низ ерозивно проширување кај селото Трнавца и влегува во големата клисура или Соколовица со многу меандри. Некои од нив се : Стражевац, кои се наоѓа од десната страна на Тимок. Тој тече по алувијалната рамнина широка 300 - 1000 м, до селото Вељково и во долина на 18 км по алувијалната рамнина Дунав.

Должината на Тимок е 88 км, а сливното подрачје 1.222 км2. Заедно со Белиот и Трговишкиот Тимок е долг 201,7 и има има сливно подрачје 4.636 км2Velika Morava River Basin, ICPDR, ноември 2009, стр. 2. Неговиот тек е најголем во близина на вливот и изнесува 300 м3/с, а најмалиот од сите околу 3 м3/с, што покажува дека реката има обилни одлики. На Тимок е хидроелектраната Соколовица ( 3,84 MW ) која годишно произведува цамо 17 милиони kWh електрична енергија. Електраната е пуштена во функција во 1949 година, таа хидроелектрана работи на проточна вода.

Поврзано Тимочани — старо словенско племе во поречието на Тимок

Наводи

Категорија:Реки во Србија Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Нишавски Управен Округ Категорија:Заечарски Управен Округ Категорија:Борски Управен Округ Категорија:Видин (област) Категорија:Бугарско-српска граница Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Притоки на Дунав