Локални избори во Македонија во 2017 година — избори што се одржале на 15 октомври 2017 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија и во градот Скопје.Локални избори на 15 октомври, Сакам Да Кажам (01.06.2017) Изборите биле распишани на 6 август 2017 од собранискиот претседател Талат Џафери.Џафери ги распиша локалните избори за 15 октомври 2017, Сител (06.08.2017) Листи со кандидати за градоначалници и советници поднеле 19 партии и коалиции, како и 64 групи избирачи.Редослед на листите на кандидати на гласачкото ливче, Државна изборна комисија (19.09.2017) Изборната кампања траела од 25 септември до 13 октомври, а гласање во прв круг имало на 3.480 избирачки места на територијата на Македонија.Водич за локалните избори 2017 , Newsroom.mk (25.09.2017) Право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список.
Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 45 општини, а во 35 општини имало втор круг. СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ победиле во 3, а ДУИ во 2 општини.Кој каде победи, а каде ќе има втор круг?, Плусинфо (17.10.2017) Во вториот круг, СДСМ победиле во 19 општини, ДУИ во 8, АА во 3, ВМРО-ДПМНЕ во 2, додека Беса и ДПА во по 1 општина.Список на градоначалници кои победија во вториот круг, Сакам Да Кажам (29.10.2017)СДСМ ќе раководи во 56 општини и во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 5, Meta.mk (30.10.2017)
Вовед На Локалните избори се избирало помеѓу 260 кандидати за 81 градоначалничко место. Од нив, 196 биле кандидати предложени од партии или коалиции, а 64 биле независни кандидати. Карактеристична била родовата нееднаквост, бидејќи само 15 од кандидатите биле жени (6 %), додека останатите 245 кандидати (94 %) биле мажи. Најголема конкуренција имало за градоначалничкото место во Скопје, каде се избирало помеѓу осум кандидати. Во 36 општини имало само по двајца кандидати, најчесто СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ. Помеѓу кандидатите имало многу актуелни градоначалници. Двајца од нив, Трајче Димитриев во Демир Капија и Исмаил Јахоски во Пласница, се бореле за петти мандат. Уште осум градоначалници што отслужиле три мандати, се бореле за четврт.
Резултати за градоначалници по општина
Грб Општина Број на гласачи ПобедникЛокални Избори - Македонија 2017 , Државна изборна комисија (15.10.2017) Освоени гласови % на освоени гласови Партија Скопје (детали) 461.312 Петре Шилегов 141.164 50,33% 50п Аеродром 65.910 Златко Марин 22.559 52,19% 50п Арачиново 9.366 Миликије Халими 3.067 58,81% 50п Берово 11.169 Звонко Пекевски 5.006 63,33% 50п 30px Битола 83.692 Наташа Петровска 31.337 59,77% 50п Богданци 6.890 Блаже Шапов 2.800 55,37% 50п Боговиње 27.237 Аљбон Џемаили 6.430 53,70% 50п Босилово 12.323 Зоран Зимбаков 4.075 53,80% 50п 30px Брвеница 15.186 Енвер Пајазити 3.871 55,38% независен Бутел 33.275 Велимир Смилевски 9.993 57,02% 50п Валандово 10.125 Перо Костадинов 4.074 55,31% 50п Василево 10.451 Марјан Јанев 3.604 52,52% 50п Вевчани 2.069 Сашо Јанкоски 870 53,15% 50п Велес 46.612 Аце Коцевски 15.962 53,51% 50п 30px Виница 17.365 Ивица Димитров 5.570 52,23% 50п Врапчиште 25.377 Исен Шабани 5.642 51,25% 50п Гази Баба 61.831 Борис Георгиевски 17.173 53,57% 50п 30px Гевгелија 19.413 Сашо Поцков 8.345 54,55% 50п Гостивар 79.632 Арбен Таравари 16.920 50,12% 50п 30px Градско 3.152 Роберт Бешовски 1.211 53,51% 50п 30px Дебар 18.425 Ружди Љата 4.430 52,04% 50п Дебрца 4.625 Зоран Ногачески 1.785 56,70% 50п Делчево 15.032 Горан Трајковски 5.100 55,40% 50п Демир Капија 3.405 Лазар Петров 1.627 56,12% 50п Демир Хисар 7.313 Марјанче Стојановски 3.185 55,43% 50п Дојран 2.755 Анго Ангов 1.258 58,19% 50п Долнени 11.526 Џемил Ќамили 3.844 53,93% 50п Ѓорче Петров 37.797 Александар Наумоски 13.155 53,75% 50п Желино 23.063 Блерим Сејди 5.443 51,27% 30п Зелениково 3.779 Борче Гиевски 1.532 59,22% 50п 30px Зрновци 2.628 Блаже Станков 944 57,11% 30px Илинден 14.042 Жика Стојановски 5.235 57,34% Јегуновце 10.268 Дарко Блажески 2.739 61,79% 50п 30px Кавадарци 32.706 Митко Јанчев 13.180 52,65% Карбинци 3.272 Јордан Насев 1.390 56,94% 50п Карпош 53.906 Стефан Богоев 21.278 57,70% 50п 30px Кисела Вода 53.090 Филип Темелковски 16.207 54,89% 50п Кичево 50.616 Фатмир Дехари 17.116 60,36% 50п Конче 2.781 Благој Илиев 1.182 55,23% 50п 30px Кочани 33.280 Николчо Илијев 11.622 55,80% 50п Кратово 8.285 Љупчо Бојаџиев 3.384 57,11% 50п Крива Паланка 17.162 Борјанчо Мицевски 7.467 57,97% 50п Кривогаштани 4.859 Рубинчо Шефтероски 2.002 53,90% 50п Крушево 8.065 Томе Христоски 3.638 60,63% 50п Куманово 92.764 Максим Димитриевски 26.289 52,53% 50п 30px Липково 25.105 Еркан Арифи 6.656 58,55% 50п Лозово 2.072 Ацо Велковски 910 55,18% 50п Маврово и Ростуше 9.847 Медат Куртовски 2.013 55,85% 50п Македонска Каменица 6.764 Соња Стаменкова 2.714 54,24% 50п Македонски Брод 5.257 Живко Силјаноски 2.679 66,46% 50п Могила 5.554 Јасмина Гулевска 1.913 51,22% 50п Неготино 16.084 Тони Делков 6.455 51,44% 50п Новаци 3.079 Љубе Кузманоски 1.183 53,00% 50п 30px Ново Село 11.452 Боро Стојчев 3.005 52,13% 50п Охрид 52.858 Јован Стојаноски 18.262 54,07% 50п 30px Петровец 7.642 Борче Митевски 3.197 62,05% Пехчево 4.261 Драган Тренчовски 1.680 52,65% 50п Пласница 4.969 Исмаил Јахоски 1.449 59,12% 50п Прилеп 64.985 Илија Јованоски 23.607 51,07% 50п 30px Пробиштип 12.931 Драган Анастасов 5.198 52,27% 50п Радовиш 24.404 Герасим Конзулов 7.443 50,13% 50п Ранковце 3.096 Ивица Тошевски 1.472 58,27% независен Ресен 17.119 Живко Гошаревски 5.537 55,02% 50п Росоман 3.411 Бранко Јанев 1.518 54,23% 50п Сарај 30.942 Блерим Беџети 8.896 52,26% 50п Свети Николе 14.893 Сашо Велковски 5.415 50,17% 50п Сопиште 4.972 Стефче Трпковски 1.752 50,84% Старо Нагоричане 3.431 Жаклина Јовановска 1.379 65,36% 50п Струга 60.575 Рамиз Мерко 13.945 49,53% 50п Струмица 49.318 Коста Јаневски 18.502 59,45% 50п 30px Студеничани 15.378 Азем Садику 4.161 52,17% 50п 30px Теарце 22.028 Исен Асани 4.686 51,64% 50п Тетово 82.887 Теута Арифи 18.136 49,09% 50п 30px Центар 43.505 Саша Богдановиќ 17.916 63,47% 50п Центар Жупа 6.810 Аријан Ибраим 1.688 70,48% 50п Чаир 57.767 Висар Ганиу 13.987 48,92% 50п 30px Чашка 6.017 Горан Стојановски 2.253 69,58% 50п Чешиново-Облешево 5.704 Горанчо Крстев 2.155 49,91% 50п Чучер-Сандево 7.560 Јован Пејковски 2.486 51,40% независен Штип 42.159 Благој Бочварски 15.078 51,54% 50п Шуто Оризари 23.289 Курто Дудуш 4.936 57,61% 50п
Советнички места
Реакции по изборите ПолитичарИзјаваЗоран Заев„Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме.“Никола Груевски„Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите.“Али Ахмети„Сигурно дека при ваквата голема победа има одредени изгубени битки, но тоа не значи дека е изгубена целата војна, како што е случајот со Гостивар. ДУИ е голема партија и така што и во случаите во општините Врапчиште, Желино и Боговиње, каде победил еден од другите кандидати ќе им помага, како што им помагаме на нашите кандидати.“Зијадин Села„Не го признаваме овој резултат. Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко тело го имаме победено ДУИ и тоа со длабок резултат од два спрема еден. Не сме ги изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удира врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на Албанците ме направиле уште посилен.“Биљал Касами„Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ. ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците.“
Наводи
Надворешни врски Локални избори 2017, Државна изборна комисија на Македонија „СДСМ – 415.726, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 (ИЗВОР: ДИК)“, „Сакам да кажам“, 16 октомври 2017.
2017 Категорија:Македонија во 2017 година