Латинска Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Небрегово. Претставува црква и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, каде се откриени урнатини од темели на објект – црква во која има повеќе блокови од мермер. Југоисточно од црквата со орањето селаните откриле гробови поставени во правец запад-исток.

Поврзано Дрениче — населба од доцноантичко време; Орман — кастел од римско време; Лечиште — населба од неолитско време; Манастириште — населба од доцноантичко време; Селска Црква — осамен наод од римско време; Гробиште — осамени наоди од римско време; Небрегово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Небрегово