МораБанк Андора е андорски кошаркарски клуб од Андора ла Веља, кој се натпреварува во шпанскиот кошаркарски лигашки систем. Моментално играат во АЦБ лигата највисокото ниво на шпанската кошарка.
Историја Клубот е основан во 1970 година. За првпат пласман во АЦБ лигата избориле во 1992 и притоа таму се задржале четири сезони, а од 2014 повторно играат во оваа лига. Најдобар резултат во АЦБ лигата им било четвртфиналето на плејофот остварено во сезоната 1994-1995. Истата сезоне клубот го остварил и најголемиот успех во Купот на Шпанија, стигнувајќи исто така до четвртфиналето.
Познати играчи Војдан Стојановски Виктор Сада Лука Богдановиќ Нејтан Џавај
Надворешни врски
Официјално мрежно место на клубот
МораБанк Андора