Ејвон (англ. Avon River, маор. ŌtakaroОтакаро - Градски библиотеки на Крајстчерч ) е река во градот Крајстчерч, Нов Зеланд.

На маорски реката се нарекува Отакаро или Путаре камуту. Името Ејвон ѝ го дал Џон Динс во 1848 по реката Ејвон во Фолкерк, Шкотска. Реката тече преку целата година, добивајќи вода од додатни извори. Се влева во Тихиот Океан преку устието близу местото Самнер.

Реката е позната по својот тек во градот Крајстчерч во облик на канал кој е познат по гондолите за изнајмување.

Поврзано Ејвон - други истоимени реки Крајстчерч

Наводи

Надворешни врски

Генерален план на реката Ејвон, Совет на градот Крајстчерч

Категорија:Кантербери (регион) Категорија:Реки во Нов Зеланд