мини|десно|Шише узо

Узо () — пијалак со вкус на анис, и како аперитив се пие во Грција и Кипар.

Историја

Узото влече корени од друг пијалак, ципуро, за кое се смета дека е дело на група монаси од XIV век, од Света Гора. Една верзија од ципуро била зачинета со анис. Таа верзија на ципуро подоцна го добива името узо.Магазин Епикурија, Пролет/Лето 2007

Модерната дестилација на узото голема мера започнува во почетокот на XIX век, по грчката независност. Првата дестилерија за узо е основана во Трново во 1856 година од страна на Николаос Кацарос, од каде што произлегол познатиот бренд за узо „Тирнаву“ (). На почетокот на XX век, узо бил еден од пијалаците, чија популарност се зголемила на сметка на абсинтот со тоа пополнувајќи го местото на абсинтот; што било причина порано да се викало „замена за абсинт без пелин“.Енциклопедија Британика: Микропедија статија за „узо“. Во 1932 година, производителите на узо развиле метод на дестилација со користење на бакарни казани којшто и денес е стандарден метод во производство на узо.

Узо традиционално се меша со вода, станувајќи облачно бела, понекогаш со слабо сина нијанса, и се служи со коцки мраз во мала чаша. Узото исто така, може да се пие директно од мали стаклени чаши т.н. „шотс“ ().

Узо традиционално се служи во прилог составен од различни предјадења наречени мезе, обично тоа се мали свежи риби, пржени компири, маслинки и фета сирење.

На 25 октомври 2006 година, Грција го добила правото да го обележи узото како исклучиво грчки производ. Европската унија го признава узото, како и грчките пијалаци „ципуро“ и „цикудија“, како производи со заштитена ознака за потекло, со кој се забранува европските производители освен Грција и Кипар да го употребуваат името.

Во Плумари, Лезбос има музеј за узо.

Наводи

Категорија:Алкохолни пијалаци Категорија:Аперитиви Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Грцизми