Жан Теди Филип () — француски режисер познат по режирање на краткометражни филмови од таканаречениот жанр пронајдена снимка ().
Негово најпознато дело е серијалот на краткометражни филмови, „Забранетите снимки“ во 1989 којшто се смета за еден од првите обиди за создавање на филмови од овој жанр за комерцијални цели. Овој жанр на филмови сепак не добил на популарност сè до појавувањето на филмот „Вештерката од Блер“ десет години подоцна. Некои филмски критичари сметаат дека еден од првите филмови од овој жанр е снимката Патерсон-Гимлин, односно, снимката каде наводно е снимено суштеството Бигфут.Found Footage Lost (and Found Again), PopMatters, 6 октомври 2011
Награди Награда за краткометражни филмови Клермон Феран 1990: Гран при за краткометражните филмови од серијалот „Забранетите снимки“ (Les documents interdits):
„Духовите“ (Les fantômes), 1989 „Војникот“ (Le soldat), 1989 „Вештерката“ (La sorcière), 1989
Наводи
Надворешни врски Информации за Жан Теди Филип на семрежната филмска база на податоци (IMDb)
Категорија:Француски режисери