Свети Спиридон — главна манастирска црква во рамки на Зеленградскиот манастир.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самата атарска граница на кратовското село Луково и пробиштипското село Зеленград.

Историја Изградбата на црквата започнала во 2006 година, а уште истата година била живописана. Осветена била заедно со манастирот на 21 јули 2007 година од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.„Осветен возобновениот манастир на свети Спиридон Чудотворец – метох на Лесновскиот манастир“. МПЦ 23 јули 2016.

Архитектура Градбата има правоаголна основа и се состои од два дела. Првиот дел кон којшто води влезната дрвена врата е понизок. Над влезната врата е живописан ликот на Свети Спиридон. На предниот ѕид од вториот дел се наоѓа уште една влезна врата. Црквата е изградена од камен и тули, и целосно покриена со ќерамиди. Внатрешноста е живописана од страна на зорафите Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина. На една од фреските е прикажано Успението на Пресвета Богородица.

Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна пред самата црква. Таа се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и содржи два ката. Фасадата на првиот кат е од камен и до овој дел води влезна врата на предната страна од градбата, додека од левата страна има два отворени прозорци. Фасадата на вториот кат е малтерисана и е обоена во бела боја, при што во средината на страните има прозорец. Вториот дел има осумаголна основа и се состои од осум дрвени столбови што се издигаат по средина од кровот на првиот дел. Во овој дел е сместено ѕвоното. Двата дела се покриени со ќерамиди, а на врвот од камбанаријата има крст. Скалите до вториот дел се поставени странично, од десната страна на градбата.

Галерија

Поврзано Зеленградски манастир Штипско архијерејско намесништво Злетовска парохија Зеленград

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зеленградски манастир Категорија:Зеленград Зеленград Категорија:Македонската архитектура во 2007 година