Доломити (, ; , , ) — планински венец во североисточна Италија. Сочинуваат дел од Јужните Варовнички Алпи и се протегаат од реката Адиџе на запад до долината на Пијава (Пјеве ди Кадоре) на исток. Северната и јужната граница ја образуваат Пустерската и Суганската Долина. Венецот е речиси подеднакво распределен во покраините Белуно, Јужен Тирол и Трентино.
На исток, преку реката Пијава се протегаат планински групи со сличен геолошки состав, наречени Прекупијавски Доломити (Dolomiti d'Oltrepiave); во далечината, преку реката Адиџе на запад е Брентската група (Западни Доломити). Постои и помала група наречена Мали Доломити (Piccole Dolomiti), сместена меѓу покраините Трентино, Верона и Виченца (на картата).
Венецот има еден национален парк и поголем број регионални паркови. Во август 2009 г. Доломитите се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.
Потекло на името Доломитите, наречени и „Бледи Планини“ (Monti pallidi), се наречени по карпата доломит, која пак е наречена по нејзиниот прв опишувач, францускиот минералог Деода Грате де Доломје (1750–1801).Saussure le fils, M. de (1792): Analyse de la dolomie. Journal de Physique, vol. 40, pp. 161–173.
Историја За време на Првата светска војна, фронтовата линија помеѓу италијанските и австроунгарските сили се протегала преку Доломитите, и тука се одиграле жестоки борби меѓу мини.
Денес кај Чинкве Тори (Пет Кули) и планината Лагацуој има по еден воен музеј на отворено. Многу посетители ги искачуваат „железните патишта“, направени за искачување на карпите за време на Првата светска војна.
Низ планините минуваат и неколку значајно долги пешачки патеки, наречени „високи патеки“ (alte vie), означени со броеви од 1 до 8. Долж патеките има разни планинарски засолништа (rifugi) кои се на располагање на планинарите. За да се поминат сите патеки е потребна барем една недела.
Географија Подрачјето обично се дели на Источни и Западни Доломити, одделени со линија по оската на долината Бадија – превојот Камполонго – долината Кордеволе (Агордино).
Групи мини|Групата Тофана мини|Поглед на групата Села зиме Според начинот на групирање, Доломитите се делат на следниве венци:
Села Мармолада Тофане Лангкофелска група Гајслерска група Пајтлеркофелска / Сасолуншка група Пуечка група Фанешка група Шлернска група
Розенгартенска Латемар Палска група Лизенски Планини Чивета Пелмо Мармароле Кадинсја група Кристалска група
Сорапис Антелао Лагораи Босконеро Фелтрински Врвови Скјара Прашки доломити Шеснаесет Доломити Фурлански Доломити
Туризам Доломитите се познати по скијањето зиме и планинарството, велосипедизмот, BASE-скокањето, параглајдерството и делтапланството доцна напролет, лете и на почетокот на есента. Слободното качување се одвива на планините уште од 1887 г. кога 17-годишниот Георг Винклер сам го освоил врвот на Вахолетските Кули. Главни туристички центри се: Рока Пјеторе крај ледникот на Мармолада на границата меѓу Трентино и Венето, гратчињата Алеге, Фалкаде, Ауронцо ди Кадоре и Кортина д'Ампецо, селата Араба, Ортизеј и Сан Мартино ди Кастроца, како и целите долини Фаса, Гардена и Бадија.
Секоја година првата недела од јули се одржува еднодневниот велосипедистички натпревар „Маратон по Доломитите“ (Maratona dles Dolomites), кој се вози по седум превои на Доломитите.
Поважни врвови мини|Мармолада мини|Вајолетските Кули мини|Брентските Доломити Име Висина (м) Име Висина (м) Мармолада 3.343 Пала ди Сан Мартино 2.982 Антелао 3.264 Розенгартеншпице / Катиначо 2.981 Тофана ди Меѕо 3.241 Чима ди Фрадуста 2.941 Сорапис 3.229 Чимон дел Фропа 2.932 Кристало 3.221 Монте Ањер 2.872 Монте Чивета 3.220 Фермедска Кула 2.867 Чима ди Вецана 3.192 Чима д'Аста 2.848 Чимон дела Пала 3.184 Чима ди Канали 2.846 Лангкофел / Сасолунго 3.181 Крода Гранде 2.839 Монте Пелмо 3.168 Вајолетски Кули (највисоки) 2.821 Драјшустершпице 3.162 Sass Maor 2.816 Боешпице / Пиц Бое (група Села) 3.152 Чима ди Бал 2.783 Висок Гајсл (Крода Роса д'Ампецо) 3.148 Чима дела Мадона (Сас Маор) 2.751 Фернел 3.145 Розета 2.741 Пиц Попена 3.143 Крода да Лаго 2.716 Громаншпице (Лангкофел) 3.126 Централен Граслајтеншпице 2.705 Цвелферкофел 3.094 Шлерн 2.562 Елферкофел 3.092 Сасо ди Мур 2.554 Сас Ригајс (Гајслершпицен) 3.025 Чима деле Додичи 2.338 Кеселкогел (Розенгартен) 3.004 Монте Павионе 2.336 Тре Чиме ди Лаваредо (Драј Цинен) 2.999 Чима Палон 2.239 Финффинершпице 2.997 Чима ди Поста 2.235
Поврзано Белуно Национален парк Белунски Доломити Јужни Варовнички Алпи
Наводи
Литература Provincia di Belluno, Provincia Autonoma di Bolzano-Alto Adige Autonome Provinz Bozen-Südtirol, Provincia di Pordenone, Provincia Autonoma di Trento, Provincia di Udine, Regione Autonoma Friuli Venezia Giulia, 2008. Nomination of the Dolomites for inscription on the World Natural Heritage List UNESCO. Nomination Document.
Надворешни врски
Портал на Доломитите Национален парк Белунски Доломити Подробни топографски карти — Воен топографски институт на Италија
Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Јужни Варовнички Алпи Категорија:Светско наследство во Италија Категорија:Јужен Тирол