Филарет Ефемон Шал (), (, Archives départementales d'Eure-et-Loir, cote 3 E 229/004, page 172/341. - , ) – француски писател и новинар, автор на бројни книжевни студии, особено за литературата на англиски јазик, за која многу придонел да се запознае во Франција во XIX век.

Животопис мини|лево|Портрет на Филарет Шал од Ежен де Миркур – 1857

Син на пратеникот Пјер жак Шал и братучед на математичарот Мишел Шал, дел од своето детство поминува во национален воен лицеј каде е воспитуван со култот на Наполеон.

Но неговиот татко премногу се компромитирал со Империјата, па семејството извесно време оди во егзил во Англија. Филатер таму работи различни работи, а една од нив е печатар. Тој ја открива британската култура која му станува страст.

По враќањето во Франција во 1818 година, издава литературни критики во различни ревии, меѓу кои во „Ревија на два света“ и „Британска ревија“.

Од 1837 до 1873 година тој е библиотекар во библиотеката Мазарин и професор на Колеж де Франс каде ја држи катедрата за јазици и литература од германско потекло и катедрата за странски европски јазици и литература од 1841 до 1873 година.

Филарет Шал е татко на филологот Емил Шал.

Признанија и почести Една улица во Менвилје го носи неговото име Витез на Легијата на честа (1832) База Леонор на семрежното место на Министерството за култура на Франција

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Француски писатели Категорија:Писатели од 19 век