Томас Едуардо Ринкон Ернандес (роден на 13 јануари 1988 година во Сан Кристобал) е венецуелски фудбалер, играч од средниот ред на и на венецуелската репрезентација. Во моментов тој е капитен на својата земја.
Неговиот прекар е El General (во превод Генералот).
Технички одлики Ринкон е дефанзивен играч од средниот ред кој може да игра и десно во среден ред со три играчи а во екстремни случаи, и како десен бек. Специјалист е за антиципирање на противниците и има добра контрола на топката, исто така може да се справи и во ситуации кога ќе остане сам на средината на теренот. Има моќен удар од далечина, а исто така, тој знае да стане многу опасен и во нападот, каде што често успева со дриблинг да се ослободи од противниците и е вешт во обезбедување на асистенции за неговите соиграчи.
Клупска кариера Ринкон ја започнал својата кариера во екипата на УА Маракаибо, меѓутоа своето деби како професионалец го направил во екипата на Самора во 2007 година, играјќи 33 натпревари во венецуелското првенство на кој постигнал еден гол. Во јули 2008 година, Ринкон и се приклучил на екипата на Депортиво Тачира и потпишал договор со клубот до 2010 година.
Во јануари 2009 година на возраст од 22 години Ринкон го имал своето прво искуство надвор од неговата родна Венецуела, преку Атлантикот во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Хамбургер од Германија за позајмица до декември 2010. Својот прв натпревар за клубот го имал на 4 март 2009 против Веен во Купот на Германија. Своето деби во Бундеслигата го имал на 4 април 2009, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џонатан Питроипа во 87-мата минута при победата на домашен терен над Хофенхајм со 1-0. Иако тоа бил неговиот единствен настап во лигата за сезоната 2009-2010, во следната сезона неговите настапи станале побројни и во декември 2010 Хамбургер го откупил неговиот договор од Депортиво Тачира, потпишувајќи перманентен договор со Ринкон во трајност до јуни 2014. Ринкон поминал пет сезони во дресот на Хамбургер и одиграл преку 100 натпревари Бундеслигата.
На 31 јули 2014 бил официјализиран преминот на Ринкон во италијанската Џенова, во која дошол како слободен играч по истекот на неговиот договор со Хамбургер на почетокот на летото истата година. На 24 август 2014 го одиграл својот прв официјален натпревар за грифоните, во победата на гости против Виртус Ланчано во Купот на Италија. Во Серија А дебитирал на 31 август, во првото коло од првенството против Наполи. Својот прв гол за клубот го постигнал на 22 ноември 2015 во победата на домашен терен над Сасуоло со 2-1, со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот.Rincon first goal in Italian football dailymotion
Вкупно за Џенова одиграл 82 натпрвари и постигнал 3 гола за две и пол години поминати во клубот.
На 3 јануари 2017 Јувентус го купил венецуелецот за 8 милиони евра плус можност за уште 1 милион доплата во зависност од неговите спортски достигнувања во дресот на Старата дама.Juventus sign Tomas Rincon from Genoa goal.com Ринкон потпишал три и пол годишен договор станувајќи првиот венецуелски играч во историјата на клубот и избрал да го носи дресот со број 28. Своето деби во дресот бјанконеро го направил на 8 јануари 2017 во победата на домашен терен над Болоња со 3-0, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Сами Хедира во 81-вата минута од натпреварот. На 14 март 2017, Ринкон го направил својот деби настап во Лигата на шампионите во неговата кариера, влегувајќи како замена на местото на Пауло Дибала во победата со 1-0 на домашен терен против Порто, во реваншот од осминафиналето. На 17 мај 2017, го освоил трофејот во Купот на Италија, играјќи како стартер во финалето против Лацио кое Јувентус го добил со 2-0. Четири дена подоцна, го освоил своето прво скудето во кариерата.
На 11 август 2017, Ринкон бил позајмен на Торино за 3 милиони евра со опција за постојан трансфер за плус 6 милиони евра.
Репрезентативна кариера Ринкон учествувал на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години во Парагвај во 2007. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 3 февруари 2008 во Матурин во победата со 1-0 во пријателски натпревар против Хаити.
Селектор на венецуелската репрезентација Сесар Фаријас го ставил на списокот на репрезентацијата за настап на Копа Америка 2011. За време на турнирот, тој не постигнал ниту еден голови, но бил еден од најдобрите играчи на Венецуела на првенството помагајќи и на својата репрезентација да го освои 4-то место на првенството. Подоцна тој бил избран за најдобар играч на турнирот од страна на Адидас.
Ринкон исто така учествувал со својата репрезентација и на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентенарио.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 5 јануари 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2007-2008 Самора ПД 33 1 КВ 2 2 КС 3 0 - - - 38 3 2008-2009 Деп. Тачира ПД 18 0 КВ 0 0 - - - - - - 18 0 2009 Хамбургер БЛ 1 0 КГ 1 0 КУ 2 0 - - - 4 0 2009-2010 БЛ 17 0 КГ 0 0 ЛЕ 2Play-off.+9 0+0 - - - 28 0 2010-2011 БЛ 19 0 КГ 2 0 - - - - - - 21 0 2011-2012 БЛ 27 0 КГ 2 0 - - - - - - 29 0 2012-2013 БЛ 20 0 КГ 0 0 - - - - - - 20 0 2013-2014 БЛ 22+2Плејаут. 0+0 КГ 2 0 - - - - - - 26 0Вкупно Хамбургер 106+2 0 7 0 13 0 - - - 128 0 2014-2015 Џенова А 29 0 КИ 2 0 - - - - - - 31 0 2015-2016 A 33 3 КИ 1 0 - - - - - - 34 3 2016-јан. 2017 А 16 0 КИ 1 0 - - - - - - 17 0Вкупно Џенова 78 3 4 0 - - - - - 82 3 јан.-јун. 2017 Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0 2017-2018 Торино А 5 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0Вкупно во кариерата 242 4 13 2 16 0 - - - 271 6
Титули Јувентус Серија А (1) : 2016-2017 Куп на Италија (1) : 2016-2017
Наводи
Надворешни врски
Томас Ринкон на soccerway Томас Ринкон на transfermakt Томас Ринкон на whoscored Томас Ринкон на espn Томас Ринкон на tuttocalciatori
Категорија:Венецуелски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1988 година