е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Асколи Пичено, Марке. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбал.

Клубот е основан во 1898 година како "Кандидо Аугусто Веки". Досега во клупската историја Асколи има одиграно 16 сезони во Серија А - каде најдобриот резултат им е 4-тото место освоено во сезоната 1979-1980 - и 20 во Серија Б. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Митропа купот во сезоната 1986-1987.

Боите на клубот се црна и бела и игра во дресови со вертикални риги испреплетени со овие две бои. Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Чино е Лило Дел Дука кој е со капацитет од 20,550 седечки места.

Стадион Асколи ги игра својте домашни натпревари на стадионот Чино е Лило Дел Дука кој е со капацитет од 20,550 седечки места и се наоѓа во периферијата на Асколи Пичено. Стадионот е отворен во 1962 година и бил реновиран во 1975 година.

Пред тоа, од 1925 до 1962 година клубот играл на стадионот Феручо Корадино Скварчија.

Соперници

Познати играчи Валтер Касагранде Лиам Брејди Оливер Бирхоф Фабио Кваљарела Андреа Барцаљи Џанлука Палјука Фабио Пекија Саша Бјелановиќ Андреа Сончин

Титули Домашни Серија Б : 2 1977–1978, 1985–1986 Серија Ц : 1 2001-2002 (група Б)

Меѓународни Митропа куп : 1 1986-1987

Надворешни врски Официјална страна на клубот Асколи на transfermarkt

Асколи