Итар Пејо (Бугарски антарктички билтен )) — чука од видот нунатак на Троичкиот Полуостров во Греамовата Земја на Антарктикот. Се издига 462 м над брегот на протокот Принц Густав, наспроти островот Алекторија и веднаш јужно од јазикот на Ејткинхедовиот Ледник.

Нунатакот е наречен по македонскиот народен јунак, мариовецот Итар Пејо, кој бугарската антарктичка комисија го наведува како бугарски.Hitar Petar Nunatak. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.

Местоположба Нунатакот Итар Пејо се наоѓа 7,35 км североисточно од планината Робертс, 4,69 км југоисточно од Бејлиевиот и 4,35 км јужно од Тафтовиот НунатакТроички Полуостров. Размер: 1:250000 топо. карта бр. 5697. Институт за применета геодезија (Германија) и Британски антарктички геодетски институт, 1996 г..

Наводи

Карти Антарктичка дигитална база на податоци. Топографска карта на Антарктикот. Размер: 1:250000. Научна комисија за антарктичко истражување (SCAR)

Категорија:Нунатаци на Антарктикот Категорија:Бугарија на Антарктикот Категорија:Греамова Земја