Арон Тејлор-Џонсон (роден Арон Пери Џонсон;Births, Marriages & Deaths Index of England & Wales, 1916-2005.; at ancestry.com 13 јуни 1990 г.) — англиски глумец, најпознат по главната улога во суперхеројските филмови Фајтер и Фајтер 2 и по улогата на Квиксилвер во Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (2015).

Тејлор-Џонсон започнал да глуми на шестгодишна возраст и имал улоги во филмови како Шангајски витези (2003), Илузионист (2006) и Ангус, танги и совршени бакнежи (2008). Тој направил пробив со улогата во биографскиот филм за Џон Ленон насловен Момче од никаде (2009). Тој го глумел Бен во криминалниот трилер Дивјаци (2012), рускиот гроф Вронски во Ана Каренина (2012) и потполковникот Броди во Годзила (2014). За улогата на скитникот психопат Реј Маркус во трилерот Ноќни животни (2016), режиран од Том Форд, тој освоил „Златен глобус“ за најдобар спореден глумец и бил номиниран за наградата БАФТА за најдобар глумец во споредна улога.

Тој претходно бил потпишуван како Арон Џонсон, но тој законски го променил своето презиме во 2013 година откако се венчал со режисерката Сем Тејлор-Вуд.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумци Категорија:Англиски филмски глумци