Жан Валжан () — протагонистот на романот Клетници на Виктор Иго. Иго го опишува животот на Валжан откако е ослободен од затвор, каде служи казна за кражба на леб. Целиот роман Валжан се обидува да води морален и исполнет живот криејќи се од инспекторот Жавер. Валжан има неколку лажни имиња во романот, меѓу кои месје Медлен, Ултим Фошлеван, Месје Леблан и Урбен Фабре.

Валжан и неговиот главен соперник, Жавер, се денес книжевни архетипови. Според многумина, ликот на Жан Валжан се поистоветува со самиот Иго, а истовремено прераснува во отелотворение на левичарската политика. Опишан е како крупен, борбен човек со висок морал, кој откако доживува духовно будење се посветува на доблестен живот, останувајќи доследен до своите идеали до крајот на животот.

Наводи

Категорија:Измислени ликови Категорија:Клетници