Саразин () — новела од францускиот писател Оноре де Балзак објавена во 1830, дел од циклусот романи Човечка комедија. Иако Балзак творел од 1819, ова било едно од првите дела каде се потпишал без псевдоним. Главен лик во новелата е Раскажувачот, дел од високата класа во Париз, кој на госпоѓата Рошефид и ја раскажува приоказната за Саразин сакајќи да ја заведе. Дејството завршува со тоа што Рошефид е потресена од приказната што ја слушнала. Главни обележја на делото се стилската фигура контраст, како и темите за кастрација и хомосексуалност. Делото е пишувано според литературниот принцип „приказна во рамка“.

Наводи

Категорија:Дела на Оноре де Балзак Категорија:Француски романи Категорија:Новели