Засекогаш Алис (англиски: Still Alice) - американски филм 2014 година, во режија на Ричард Глејчер и Вош Вестморленд. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џулиен Мур, Алек Болдвин и Кристин Стјуарт.
Содржина Алис е среќно омажена жена, со три возрасни деца. Таа е позната професорка по лингвистика, која наеднаш започнува да заборава некои зборови, поради тоа што се наоѓа во почетниот стадиум на Алцхајмеровата болест. Така, таа мора да се бори за својот живот и истовремено да ги координира бракот, работата и децата.„Засекогаш Алис“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 22.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Алек Болдвин Категорија:Филмови со Џулиен Мур