Полушко поле (руски: Полюшко поле) е руска песна. Се смета дека е напишана за време на Руската граѓанска војна и пеена во редовите на Црвената армија.
За советската варијанта на песната, музиката била компонирана од Лав Книпер, а текстот го напишал Виктор Гусев. Книперовата песна била дел од симфонијата со хор (текст на Гусев) насловена како „Поема за комсомолскиот борец“ („Поэма о бойце-комсомольце“) компонирана во 1934.
Направени се неколку западни аранжмани на оваа мелодија под наслов „Козачка патрола“, особено верзијата на Иван Реброф, и други со поинакви наслови како „Ливадишта“, „Коњица на степите“ и „Одвеани од виорот“. Tanz Brüderchen од Hyperactive, и авторизиран рејв ремикс на Ребровата изведба.
Давид Маркиш има напишано роман Полюшко поле во кој се работи за Нестор Махно и Борис Можаев, советски писател во т.н. „рустичен стил“ кој го напишал романот за животот во колхозите. Во 1956 направен е и филм со исто име.
Песната исто така е основа за песна од Глен Милер и Џери Греј насловена како Russian Patrol („Руска патрола“) или The Red Cavalry March („Маршот на црвената коњица“) .
Текст (руски)
Полюшко-поле, полюшко, широко поле, Едут по полю герои, Эх, да красной армии герои.
Девушки плачут, Девушкам сегодня грустно, Милый надолго уехал, Эх, да милый в армию уехал.
Девушки, гляньте, Гляньте на дорогу нашу, Вьётся дальняя дорога, Эх, да развесёлая дорога.
Только мы видим, Видим мы седую тучу, Вражья злоба из-за леса, Эх, да вражья злоба, словно туча.
Эх, девушки, гляньте, Мы врага принять готовы, Наши кони быстроноги, Эх, да наши танки быстроходны.
Эх, пусть же в колхозе Дружная кипит работа, Мы дозорные сегодня, Эх, да мы сегодня часовые.
Медија
Категорија:Руски песни