Џакомо Антонио Мелкиоре Черути (13 октомври 1698 – 28 август 1767) бил италијански сликар од времето на доцниот барок, активен во северна Италија, во Милано, Бреша и Венеција. Го добил прекарот Питочето (италијански: Pitocchetto, со значење: малиот просјак или просјаче) поради големиот број слики на селани облечени во крпи.
Животопис Роден е во Милано, но најмногу работел во Бреша. На почеток од својата работа, бил под влијание на Антонио Чифронди и/или на Џакомо Тодеско, а наобразба добил од Карло Череза. Додека Череза тој најмногу сликал мртва природа и теми од религија, Черути е познат по сликите со просјаци и сиромашни, кои ги сликал реално, но со невообичаено достоинство и поединечност.
Черути сликал на оваа тема во периодот од 1725 до 1740 година, а зачувани се околу 50 негови слики од тој период.Spike, 1986, pp. 66. Мира Пахес Мериман во нејзиниот есеј со наслов Комедија, реалност, и развој на тематското сликарство во Италија, вели дека „неговите фигури не прават ништо, но и немаат што да прават“.Spike, 1986, pp. 66-67. Таа ги опишува сликите на Черути како соочување со:
Негова карактеристична слика е Жена со куче која е насликана јасно и без идеализирање. Како и во поголемиот дел од неговите слики, жената се појавува во преден план, а позадината е неидентификувана и темна.
Галерија
Наводи
Категорија:Италијански сликари Категорија:Барокни сликари Категорија:Луѓе од Милано Категорија:Родени во 1698 година Категорија:Починати во 1767 година Категорија:Италијански барокни сликари