Стево Спасовски (роден Стеван Спасов; , — , ) — македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959 — 1962), во Драмата на МНТ (1962 — 1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ-драми, во серии, на радио и на филм.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1403
Животопис Спасовски е роден во Скопје на 25 ноември 1940 година. Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање. Спасовски е добитник на наградите: „11 Октомври“ за улога во претставата „Косанчичев венец“ (1983), награда на ТИ „Војдан Чернодрински“, за улога во претставата „Тетовирани души“ во 1987 година, а истата година бил прогласен и за глумец на годината. Во 1988 повторно е награден на ТИ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Клаустрофобична комедија“, а како заокружување на неговата глумечка дејност во 1999 година Стево Спасовски е добитник на наградата „Климент Охридски“, додека во 2001 година ја добил наградата за животно дело на ТФ „Војдан Чернодрински“. Син на Спасовски е познатиот глумец Драган Спасов - Дац. Починал во Скопје на 30 март 2008 година.
Филмографија Година Филм Улога 1961 Солунските атентатори ТВ-филм Владимир Пингов 1967 Да видам што да бидам ТВ-серија 1969 Републиката во пламен ТВ-филм 1971 Понижени и навредени ТВ-филм 1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм 1972 Истрел ТВ-филм 1972 Настан можеби последен ТВ-филм 1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Борис Сарафов 1973 Луѓе и птици ТВ-филм 1975 Сребрено јаболко ТВ-филм 1977 Итар Пејо ТВ-серија Поп Петко 1979 Наши години ТВ-серија Тане 1980 Учителот ТВ-филм Јоаким Сапунџиев 1981 Црвениот коњ ТВ-филм 1982 Илинден ТВ-серија Доктор 1982 Едно лето ТВ-серија 1984 Другарувања ТВ-серија Професор по физика 1984 Диво месо ТВ-филм Херчог 1985 Јазол ТВ-филм 1985 Тетовирани души ТВ-филм 1986 Солунски патрдии ТВ-серија Киртаки 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм Јаков Ароести 1987 За трошка среќа ТВ-филм Ацо 1987 Случки од животот ТВ-серија 1988 Марка ТВ-филм 1991 Болва в' уво ТВ-филм Ромен Тунел 1991 Тетовирање ТВ-филм Професорот 1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм 1993 Светлосиво ТВ-филм Ѓавол во срцето 1995 Уа шнајдери ТВ-серија 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1997 Преку езерото ТВ-филм Приест Николај 1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Професорот 2000 Глас ТВ-филм
Наводи
Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“