Гренландски национален парк (, ) — најголемиот национален парк во Гренланд и целиот свет, како и најсеверен национален парк. Националниот парк е најголема заштитена област во светот. Паркот е основан во 1974 година, а својата сегашна територија е од 1988 година, и покрива .Statistics Greenland, Greenland in Figures, 2009 Паркот се наоѓа во средишниот и североисточниот дел на Гренланд и е поголем од 29 држави во светот. Тој е единствен парк во Гренланд.
Географија Националниот парк на југ се граничи со општината Сермерсок, а на запад со општината Касуитсуп. Средишниот дел на националниот парк е всушност Гренландската ледена покривка, а покрај брегот има поголеми делови без мраз. Регионот е погоден од загуба на мраз од поголеми размери одошто очекуваното.Ramskov, Jens. "Climate models underestimate the melting of the ice cap " In English Ingeniøren, 26 December 2014. Accessed: 26 December 2014.
Население
Националниот парк нема постојано население. Во 1986 година бројот на постојани жители на паркот бил 40, кои живееле во Местерсвиг. Покрај тоа имало уште 400 локации каде имало население за време на летниот период. Овие 40 жители биле екипаж кои биле задолжени за чистење и одржување при операционите рударски ископи но набрзо го напуштиле местото. Од тогаш до денес целиот регион нема население. Во скоро време забележани се само 31 човек и 110 кучиња за време на зимата (и летото) во североисточен Гренланд, распоредени низ станиците:NOAA Research
Данеборг (12), седиште на Сириус Петрол (раководен орган на паркот) Данмарксхавен (8), вработени во метеоролошка станица Станица Норд (5), воена база Местерсвиг (2) Закенберг (0) летна станица Самит Кемп (4) станица за истражување на Гренландската снежна покривка
Преку лето на овој персонал се придружуваат и научници.
Поврзано Гренланд Општини во Гренланд
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на паркот Галерија со слики од паркот Страница за паркот на ООН Еколошки истражувачки операции Закенберг Историја на истражувањата во североисточен Гренланд
Категорија:Национални паркови во Гренланд Категорија:Арктик