Анри Бордо ( – ) — француски писател и правник. Потекнува од семејство правници од Савоја, а роден е 1870 во Тонон Ле Бен. Како млад често патувал на релација Савоја–Париз и разликите помеѓу градскиот и провинцискиот живот значително влијаеле врз неговото творештво. Во професионалниот живот го набљудувал распадот на повеќе семејства и ги анализирал причините и последиците од тоа. Кога наполнил 17 години започнал со правни студии во Париз, а по три години се вратил на пракса во Савоја. Во Париз дошол за да ја објави својата прва книга во 1894, а по смртта на татко си во 1896 се вратил во Савоја.

Творештвото на Бордо ги прикажува вредностите на традиционалните католички заедници во провинцијална Франција. Честа тема е лојалноста кон семејството, земјата, Господ, итн. Оваа тема е забележлива во романите La Peur de vivre и Les Roquevillard. Бордо бил избран за член на француската академија на 22 мај 1919. Бил член на елитната група писатели познати како „бесмртните“ кои се залагале за воспоставување и одржување на граматичките правила во француската книжевност, како и за внесување на нови зборови во речникот. Бил еден од авторите на Le Visage de l'Italie, книга издадена 1929 за Италија според визијата на Бенито Мусолини. Бордо починал 1963 во Париз.

Дела Le Pays natal (1900) La Peur de vivre (1902) La Petite mademoiselle (1905) Les Roquevillard (1906) Les Yeux qui s’ouvrent (1908) La Croisée des chemins (1909) La Robe de laine (1910) La Neige sur les pas (1911) La Maison (1913) La Résurrection de la chair (1920) Yamilé sous les cèdres (1923) La Chartreuse du Reposoir (1924) Le Cœur et le sang (1925) Le Bouquet Rouge (1926) La Revenante (1932)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Француски писатели Категорија:Членови на Француската академија Категорија:Француски мемоаристи