Цветан (Цветко) Христов, нарекуван Дедо ГосподПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93 или ПопотНиколов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.39, 80 (Присовјани, - , ) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Кратка биографија на Цветко Христов

Животопис Христов е роден во 1884 година в струшкото село Присовјани. До 25 март 1903 година, тој бил четник кај Никола Русински, заедно со браќата Тасе Христов и Дојчин Христов - исто така револуционери на ВМОРО.Русински, Никола, „Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г.“

За време на Илинденското востание, тој бил помошник војвода во четата на Тасе Христов и бил војвода на четата од село ’Ржаново. За време на востанието, четите раководени од Тасе Христов ја нападнале османлискта војска во селото Елевци. На 3 август, четата на Цветко удрила од позади и го изгонила башибузукот кој ги заобиколил четите на Тасе Христов. Следниот ден, неговата чета била опколена и Цветко бил ранет, но успеал да се извлече, по што четите почнале да се повлекуваат во Горен Дебар.Спомени - Лазар Димитров. Таму ги продолжил дејствувањата, заедно со четите на Смиле Војданов.

Во втората половина на септември, откако го собрале и криече оружјето од демобилизираните чети во регионот, Цветко, Тасе и Дојчин Христови избегале во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков.Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210

Во Македонија, тој се вратил со чета во 1905 година. На патот за Охридско, четата водела борба во Прилепско, каде загинале шест четници, а Цветко Христов бил ранет. Умрел на 9 септември 1914 година, во Софија.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 181..

Наводи

Категорија:Луѓе од Присовјани Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски преселници во Софија