Лилјана Тодорова (, Србија, 14 август 1934 — , ) — македонски филолог, декан на Филолошкиот факултет, каде што предавала француска, франкофонска и компаративна книжевност, романист, книжевен компаратист, теоретичар и дипломат. Нејзина баба била илинденката Катерина Џидрова, која завршила за учителка во Скопје, заедно со Гоце Делчев учествувала во Штип.Лилјана Тодорова, универзитетски професор и дипломат, за наставничкиот позив, за мултилингвизмот,за дипломатијата, за исполнување на обврските....
Животопис Тодорова е родена во 1934 година во Чачак, тогаш во Кралство Југославија, кога татко и бил управител на пошта инаку стручњак за телекомуникации. Мајка ѝ подоцна била вработена во меѓународната телефонија на главната пошта во Белград каде што живеле извесно време пред Втората светска војна. Образованието го започнала во Белград. Додека живееле во Белград, најстариот брат, тогаш момче на четиринаесетина години, станал член на СКОЈ. Поради опасноста тој да биде затворен од Германците, тие се вратиле во Штип, родното место на мајка и. Нејзиниот брат Михаил Гаврилов веднаш се приклучил кон партизанското движење и кога речиси цела Македонија била ослободена, тој загинал во борбите како ударник, бранејќи ја отстапницата на Четвртата македонска ударна бригада. Татко ѝ, исто така, починал за време на Втората светска војна. Таа докторирала во 1971 година, на тема „Гзевје Мармје и Јужните Словени“ која е прогласена за лауреат на Академијата на науките и на уметностите на Безансон и Франш-Конте во Франција. За ова свое исклучително научно достигнување во 1972 година, таа била избрана за дописен член на оваа француска академија. Објавила повеќе од 200 научни труда на француски, на македонски и на српски јазик посветени на француската и на франкофонската книжевност како и на француско-македонските книжевни релации. Ги иницирала студиите и проучувањата на франкофонските книжевности во Африка и во Канада.
Лилјана Тодорова имала и значајна активност во општествениот и политичкиот живот на Македонија. Учествувала во основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и на Институтот за македонска книжевност. Била декан во два наврата на Филолошкиот факултет и тоа во периодот од 1979 до 1981 година, и потоа од 1994 до 1996 година и дала клучен придонес за неговото именување во Филолошки факултет „Блаже Конески“ во 1996 година. Во периодот од 1979 до 1985 година, таа била член на југословенската комисија за соработка со УНЕСКО, а од 1982 до 1985 година, таа била македонски пратеник во Сојузното собрание на поранешната СФРЈ.
Проф. д-р Лилјана Тодорова била првата жена амбасадор од СР Македонија која во периодот од 1986-1990 година, таа ја извршувала должноста на вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Република Гвинеја, Република Гвинеја-Бисао и Република Сиера Леоне во Западна Африка.
Таа била одликувана со југословенскиот Орден на трудот со златен венец од претседателот на СФРЈ (1979) како и со високите француски ордени: Витез на Легијата на честа од претседателот на Франција (1983); Командант од редот на Академските палми од Француската влада (1984).
Како извонредно творечка личност, проф. д-р Лилјана Тодорова била заведена во Општата енциклопедија на Просвета од 1986 година, како и во енциклопедијата на Жени творци во светот објавена под покровителство на УНЕСКО во 2013 година. Починала на 27 јануари 2017 година во Скопје.Почина проф. д-р Лилјана Тодорова, поранешен декан на Филолошкиот факултет
Наводи
Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Македонски романисти Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски дипломати Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски филолози Категорија:Југословенски романисти Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски дипломати Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Штип