Маринер 1 – било првото вселенско летало од американската програмата Маринер. Леталото било дизајнирано за орбитирање околу Венера и собирање детални информации за неговата површина. Мисијата не била успешна, во 09:26:16 UT, помалку од 300 секунди по лансирањето на 22 јули 1962 година, мисијата била отповикана.
Леталото требало да тргне директно кон Венера, но при полетувањето дошло до откажување на системот за управување заради софтверска грешка на истиот. При услови на неконтролирано летало, 294, 5 секунди по неговото лансирање, одговорниот офицер наредил откажување на мисијата и уништување на леталото . Проценето било дека ракетата се срушила во северниот Атлантик, во ненаселена област.
За лансирање се користела Атлас-Агена, како и за Маринер 2, Маринер 3, Маринер 4 и Маринер 5. Причината зошто е изгубен контактот на моторот со командата не е познат. Пет недели подоцна, мисијата на Маринер 1 ја извршил Маринер 2.
Поврзано Програма Маринер Маринер 2 Маринер 3 Маринер 4 Маринер 5 Маринер 6 Маринер 7 Маринер 8 Маринер 9 Маринер 10
Наводи
Надворешни врски NASA's article about the Mariner I Mariner 1 Mission Profile by NASA's Solar System Exploration RISKS Digest detail about the Mariner I failure
Категорија:Астрономија Категорија:Марс Категорија:Маринер Категорија:Вселенски летала пуштени во 1962 година