мини|Инспекција на Маринер 2 пред летот мини|Лансирањето на Маринер 2 мини|Палење на Атлас-Агена Маринер 2 – американско вселенско летало од серијата Маринер дизајнирано за проучување на Меркур, Венера и Марс. Маринер 2 кој претставувал упростена верзија на „Ренџер“, како и Маринер 1, прв успешно стигнал до Венера. Леталото требало да биде лансирано со ракета Атлас-Кентаур, но истата не била спремна, па затоа се употребил стариот модел на Атлас-Агена. Лансиран е на 27 август 1962 година, во орбитата на Венера се нашол на 14 декември, а неговата минимална оддалеченост од планетата била 34.773 километри.
Маринер 2 имал хексагонален облик, со пречник од само еден метар во главниот дел. Оттаму се одвојувале сончевите плочи и останатите инструменти и антени за комуникација. Леталото било опремено со два радиометра (за инфрацрвениот и микробрановиот дел од спектарот), сетилник за микрометеорите, сетилник за сончева плазма и магнетометар. Овие инструменти биле наменети за што подобро да се истражи атмосферата на Венера и нејзиниот состав.
На патот до Венера, Маринер 2 го мерел сончевиот ветар и наелектризираните честички во него. Со тоа ги потврдил истражувањата на советското летало Луна 1 од 1959 година. Исто така ја мерел прашината во меѓупланетарниот простор. Кога на 14 септември стигнал до Венера, леталото ја скенирало планетата со радиометрите, а добиените податоци укажувале дека таа е прекриена со ладни облаци, а дека површината ѝ е многу жешка.
Инструменти Само 18 килограми од вкупната маса на Маринер 2 била дозволени за инструментите за научни истражувања. Користени биле следниве инструменти: Радиометар за микробраново зрачењe кој се користел за одредување на температурата на планетата и за одредување на одликите на атмосферата. Мерењата биле изведени на две бранови должини (13,5 и 19 милиметри). Радиометарот тежел 10 килограми, а напојувањето било со моќност од 4 до 9 вати. Радиометар за инфрацрвено зрачење кој се користел за одредување на температурата на планетата, но за разлика од радиометарот во микробрановиот спектар, овој истражувал само помали делови на планетата, а не планетата во целина. Снимањето било изведено на две бранови должини каде сигналите биле најсилни (од 8 до 9 µm, фокусирано на 8,4, и од 10 до 10,8 µm, фокусирано на 10,4). Овој инструмент тежел 1,3 килограми, а потребната моќност за напојување изнесувала само 2,4 вати. Мерел температури од 200 до 500 К. Магнетометар за мерење на магнетното поле на самата Венера како и останатите планети. Користени биле две скали кои инструментот сам автоматски ги менувал: ± 64 γ и ± 320 γ (1 γ = 1 нанотесла). Детектор на сончева плазма за мерење на спектарот на слабо позитивно наелектризираните честички кои доаѓале од Сонцето, т.е. сончевиот ветар.
Мисија Мисијата на Маринер 2 имала повеќе цели: експеримент со радиометрите истражување на магнетосферата на Венера и другите планети мерење на количината на наелектризираните честички во сончевиот ветар детекција на микрометеорити оценување на работата на комуникациските системи експериментирање со системот за напојување оценување на работата на системот за навигација
Резултати Радиометарот на Маринер 2 на 14 декември 1962 година скенирал делови од Венера во микробрановиот дел на спектарот. Со снимањето се почнало во 18:59 UTC и тоа не траело повеќе од 35 минути. Биле скенирани три дела: терминаторот осветлениот дел на планетата затемнетиот дел на планетата Добиените вредности за температура на темната страна (ноќ на Венера) биле 490 ± 11 K, додека за светлата страна (ден на Венера) резултатите биле 511 ± 14 K, а за терминаторот 595 ± 12 K.
Откриено е дека планетата поседува многу дебела атмосфера која на планетата ѝ прави ефект на стаклена градина и не ѝ дозволува на топлината да ја напушти површината. Затоа температурите се доста високи.
Со магнетометарот испитано е магнетните полиња околу Венера, кои варираат меѓу 2 γ и 10 γ. Тоа ги потврдило истражувањата и резултатите на Пионир 5 од 1960 година. Ова бил доказ дека меѓупланетарниот простор не е празен, туку дека во него освен честичките од Сонцето делуваат и силите на другите планети. Конкретно за Венера, добиените резултати покажувале дека таа нема магнетно поле, или истото е многу слабо. Магнетометарот можел да детектира промени во јачината на магнетното поле и работел по тој принцип, иако во близината на планетата не забележал никакви промени. Можно е, како што покажал Пионир 5, Венера да има магнетно поле, но тоа е многу слабо (1/10 од Земјиното).
Поврзано Програма Маринер Маринер 1 Маринер 3 Маринер 4 Маринер 5 Маринер 6 Маринер 7 Маринер 8 Маринер 9 Маринер 10
Наводи
Надворешни врски Mariner 2 Mission Profile by NASA's Solar System Exploration Full-scale engineering prototype of Mariner 2 in the Smithsonian Air and Space Museum, Washington, D.C. Mariner 2
Категорија:Астрономија Категорија:Марс Категорија:Маринер Категорија:Вселенски летала пуштени во 1962 година