Марко Иванов Петров, нарекуван Мати и КараматаНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.51 — македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Животопис Иванов е роден во 1877 година во кајларското село Паљор (денес Фуфас), денес во егејскиот дел на Македонија). По влегувањето во редовите на ВМОРО, се занимавал со достава на оружје за организацијата. Во 1903 година влегол во илегала и бил четник кај поручникот Георги Папанчев. Во мај присуствувал на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание бил војвода на загоричкиот центар во Костурскиот реон и учествувал во преземањето на гратчињата Невеска и Клисура, каде потоа бил назначен за комендант на Клисура.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 62 – 63. Подоцна неговата чета успеала да задржи една турска офанзива од Костур кон Маврово.Божидар Д. Божиков. Въстанието в Битолски революционен окръг, во: Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968, Издателство на Националния съвет на Отечествения фронт, София, 1968, стр.45. По востанието се префрлил во Бугарија и се занимавал со трговија.
За време на избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година бил војвода на чета №17 на Македонско-одринските доброволни чети, составена од 12 лица. Преминал во Костурско заедно со четите на Георги Попхристов, Павел Христов и Христо ЦветковГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.108. Дејствувал со четата на Васил Чекаларов,[Силянов, Христо. От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война – 1912 г., Български писател, София, 1984, стр.406] а потоа и во походот на Здружената партизанска чета на Македонско-одринските доброволни чети кон Костурско во 1913 година.Иванов, Васил. Отрязаната глава, 9 юлий 1913, 1928, стр.16.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 290, 892. После тоа преминал во ТиквешијатаМакедония – история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.31., каде учествувал во Тиквешкото востание.
За време на Првата светска војна служел во Петтиот пешадиски македонски полк на еденаесеттата македонска воена дивизија на бугарската армија. Учествувал во дејноста на Илинденската организација. Починал од болест во 1933 година во Софија, Бугарија.Марко Иванов
Галерија
Наводи
Категорија:Луѓе од Паљор Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Тиквешкото востание Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во 1933 година