мини|Градината на земните задоволства мини|Секретарот Кери се фотографира со Леонардо ди Каприо и Фишер Стивенс на проекцијата на „Пред поплавата“ Пред поплавата (англиски: Before the Flood) — документарен филм од 2016 година за климатските промени режиран од Фишер Стивенс. Филмот бил продуциран како соработка помеѓу Стивенс, Леонардо ди Каприо, Џејмс Пакер, Брет Ратнер, Тревор Давидовски и Џенифер Дејвисон Килоран. Мартин Скорсезе е извршен продуцент.

Како што било најавено од Ди Каприо на 9 септември 2016 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, документарниот филм првпат бил прикажан на 30 октомври 2016 година на каналот „National Geographic“. Како дел од заложбата на „National Geographic“ за покривање на климатските промени, документарниот филм бил широко достапен и можел бесплатно да се погледне на различни интернет платформи.

Заднина На европската премиера во Лондон во октомври 2016 година, Ди Каприо го опишал филмот на следниов начин:

Содржина Филмот прикажува како Ди Каприо посетува различни региони од Земјината топка, истражувајќи го влијанието на глобалното затоплување предизвикано од човекот. Филмот исто така го документира, делумно, снимањето на филмот на Ди Каприо од 2015 година, Повратник.

Коментарите и истражувањето на Ди Каприо во голема мера се однесуваат на климатскиот скептицизам, главно меѓу корпоративните лобисти и американските политичари.

Улоги Покрај Ди Каприо, во документарниот филм се појавуваат и Барак Обама, Папа Франциск, Сунита Нараин, Аноте Тонг, Џон Кери, Илон Маск, Алехандро Гонсалес Ињариту, Пирс Селерс, Јоан Рокстром и Бан Ки Мун.

Емитување Филмот бил достапен бесплатно на интернет помеѓу 30 октомври и 6 ноември 2016 година, период пред американските избори, и бил емитуван на каналот National Geographic во 171земја како и на национални телевизиски канали во некои земји. Филмот бил титлуван на 45јазици и бил достапен на гледачи од неанглиско говорно подрачје. Филмот бил гледан повеќе од 2милиони пати на денот по објавувањето.

Награди Награди Датум на свечено доделување Категорија Добитник Резултат Нав. Британски филмски награди Ивнинг Стандард 8 декември 2016 Најдобар документарен филм Пред Поплавата Холивудски филмски награди 6 ноември 2016 Холивудска документарна награда Леонардо ди Каприо и Фишер Стивенс

Наводи

Надворешни врски

„Пред поплавата“, со титлови на хрватски јазик

Категорија:Американски документарни филмови Категорија:Климатски промени Категорија:Глобално затоплување Категорија:Филмови на англиски јазик