Кочо Муструков познат како МуструкотНиколов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.56 (, Трстеница, Серско, денес во егејскиот дел на Македонија - ) — македонски револуционер, војвода на Врховниот македоно-одрински комитет и Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 195Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 85.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 131.
Животопис Муструкот е роден во 1873 година в зихненското село Трстеница.Динев, Ангел. Кресненското въстание през 1878 г., Издава Гевгелийското благотворително братство, София, 1926, стр. 18. Како долгогодишен ајдучки војвода, Муструкот учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година и поради недисциплинираност влегол во конфликт со војводата на четата Борис Сарафов.[Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1933, стр. 56 - 59.]
После востанието повторно станал ајдук. Во 1899 година бил делегат на Рилското друштво на Шестиот македонски конгрес.Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 - 1905 (Протоколи од конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 131. Потоа бил привлечен кон ВМОРО и дејствувал со Гоце Делчев, но повторно се одвоил од четата, на своја глава договарал откуп на калуѓер од Серскиот манастир и го ослободил за 300-400 лири.[Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1933, стр. 98 - 100.] Бил казнет со смрт за своеволие од Неврокопската реонска чета на Атанас Тешовски.[Баждаров, Георги. Моите спомени, София, 1929.]
Наводи
Категорија:Луѓе од Трстеница Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Мелничкото востание