Феноменологија (од старогрчкото phainómenon „она што се појавува“ и lógos „наука“) e филозофско истражување на структурите на искуството и свеста. Едмунд Хусерл ја отпочнува како филозофско движење во раните години на XX век, кое е подоцна разработено од неговите германски следбеници во Гетинген и Минхен. Подоцна се шири во Франција и САД, во правец достатно различен од првобитната замисла на Хусерл.
Феноменологијата во никој случај не е обединето движење: постои некаков пресек помеѓу мислителите, но истовремено и видни разлики. Следствено, „да се даде единствена и конечна дефиниција за феноменологијата е опасно, а можеби и парадоксално бидејќи таа нема тематски фокус. Всушност, не станува збор за доктрина, ниту филозофска школа, туку за стил на размислување, метод, отворено и секогаш ново искуство на различни резултати, што може да го збуни оној кој се обидува да ја дефинира.Farina, Gabriella (2014) Some reflections on the phenomenological method. Dialogues in Philosophy, Mental and Neuro Sciences, 7(2):50-62.http://www.crossingdialogues.com/Ms-A14-07.htm Феноменологијата, онака како што ја дефинира Хусел, пред сѐ се занимава со системска рефлексија на структурата и појавите на свеста. Феноменологијата се разликува од картезијанскиот метод на анализа кој го гледа светот како множество од објекти, кои дејствуваат едни врз други.
Хусерловиот концепт е еднакво критикуван и развиван од неговите ученици, како Едит Штајн и Роман Ингарден, од страна на херменевтички филозофи, како Мартин Хајдегер, од егзистенцијалисти, како Николај Хартман, Габриел Марсел, Морис Мерло-Понти, Жан-Пол Сартр. Макс Шелер, Пол Рикер, Емануел Левинас исто така имаат работена со феноменологијата.
Наводи
Категорија:Филозофски правци Категорија:Континентална филозофија Категорија:Феноменологија Категорија:Филозофија во 20 век