Калимантан () — индонезиски дел на островот Борнео, кој зафаќа 73% од островот. Неиндонезискиот дел од Борнео им припаѓа на Брунеј и Источна Малезија.
На индонезиски, поимот „Калимантан“ се користи за целиот остров Борнео.
Потекло на името Името Калимантан е изведен од санскритскиот збор каламантана што значи „остров на горештината“ поради врелата тропска клима. Се состои од поимите кал[а] (време, доба, период) и мантан[а] (вриење, горење).
Површина Индонезискиот дел зафаќа 73% од островот и 69,5% (13.772.543 во 2010 г.) од населението. Неиндонезискиот дел на Борнео се состои од Брунеј (400.000) и Источна Малезија (5.625.000). Брунеј е мала земја, додека областа Источна Малезија се состои од сојузните држави Сабах и Саравак и сојузната територија Лабуан. Регионот во Индонезија се нарекува и Индонезиско Борнео.
Калимантан зафаќа вкупна површина од .
Управа
Калимантан е поделен на пет покраини: + Покраини на КалимантанПокраинаПовршина (км2)Население (2015)Густина(жит./км2)Админ. центарНајголем град Западен Калимантан 147.307,00 4.783.209 32,5 Понтијанак Понтијанак Централен Калимантан 153.564,50 2.490.178 16,2 Палангкараја Палангкараја Јужен Калимантан 38.744,23 3.984.315 102,8 Банџармасин Банџармасин Источен Калимантан 129.067 3.422.676* 26,5 Самаринда Самаринда Северен Калимантан 71.176,72 639.639 8,5 Танџунг Селор Таракан Вкупно 544.150,07 15.320.017 28 — Банџармасин
Поврзано Борнео Малајски јазици Баритски јазици Борнејски јазици
Наводи
Категорија:Борнео Категорија:Острови во Индонезија Категорија:Големи Сундски Острови Категорија:Острови на Индонезија