Балиско Море () — морска површина северно од островот Бали и јужно од островот Кангеан, Индонезија. Го образува југозападниот дел на Флореското Море, а од запад се граничи со Мадурскиот Проток.
Географија Морето понекогаш се смета за целина заедно со Флореското Море за океанографски цели, но некои поморски крати го бележат како посебно. Балиското Море зафаќа површина од и достигнува најголема длабочина од 1.590 м.
Опфат Според Меѓународната хидрографска организација, Балиското Море ги има следниве граници: На север. Линија од островот Западен Патерностер до источнот крај на Сепанџанг, а оттаму преку овој остров до западниот крај на заливот Гедех на јужниот брег на Кангеан ().
На запад. Линија од западниот крај на заливот Гедех на островот Кангеан до ’ртот Седано, североисточниот крај на Јава и надолу по истсочниот брег до ’ртот Бантенан, југоисточниот крај на островот.
На југ. Линија од ’ртот Баненан низ јужните краеви на островите Балт и Пенида до ’ртот Бт. Генданг, југозападниот крај на Ломбок и неговиот јужен брег до ’ртот Рингит (југоисточниот крај), а оттаму линија до ’ртот Мангкун (), југозападниот крај на Сумбава.
На исток. Западниот и северниот брег на Сумбава, на исток сè до ’ртот Сарокаџа (), оттаму западната граница на Флореското Море [линија од ’ртот Сарокаџа до островот Западен Патерностер ()].
Струење на водата Движењата на водената маса на Балиското Море претставуваат продолжение на тековите од Флореското до Јаванското Море на север. Низ него минува Индонезиската струја која доаѓа од Тихиот и преоѓа во Индискиот Океан, при што текот е најзастапен во Балискиот и Ломбочкиот Проток.
Цунамија Балиското Море бележи неколку цунамија во пишаната историја. Едно е забележано со избувнувањето на Тамбора во 1815 г. (показател на вулканска избувност од 7), а потоа и уште едно по три години, со подоцнежната вулканска активност. Забележани се уште две цунамија во 1857 и 1917 г. со најголема висина од 3 односно 2 м.
Поврзано Географија на Индонезија
Наводи
Категорија:Мориња во Индонезија Категорија:Бали Категорија:Јава Категорија:Источна Јава