Паоло Таљавенто (роден на во Терни) — поранешен италијански фудбалски судија кој судел во Серија А како и во натпреварувањата под покровителство на УЕФА: Лигата на шампионите и Лига Европа.

Кариера Клупски натпревари Таљавенто е судија во Серија А од 2004 година, со забележани 87 натпревари како главен судија до денес. Во Серија Б, пак забележал 14 натпревари, додека тој исто така судел двапати натпревари во Купот на Италија во сезоната 2009-2010, како и натпреварот за опстанок во 2009 година.

Таљавенто исто така има судено 17 натпревари во европските натпреварувања организирани од УЕФА, а на 8 декември 2010 година, дебитирал во Лигата на шампионите, кога ја делел правдата во натпреварот помеѓу Арсенал и Партизан.

Својата кариера како судија ја завршил на 30 мај 2018 година.https://www.football-italia.net/122124/tagliavento-retires-refereeing

Репрезентативни натпревари Таљавенто судел и натпревари од квалификациите за Светското првенство, квалификациите за Европското првенство под 21 година и пријателски репрезентативни натпревари.

Репрезентативни официјални натпревари

DateHomeAwayResultCompetition 8 септември 2007 Северна Ирска Германија 0 – 3 2009 УЕФА У-21 Квалификации. 7 февруари 2008 Турција Шведска 0 – 0 Пријателски натпревар 11 септември 2008 Литванија Австрија 2 – 0 Квалификации .за светско првенство 2010 16 октомври 2008 Франција Германија 0 – 1 2009 УЕФА У-21 Квалификации. 7 јуни 2009 Македонија Норвешка 0 – 0 Квалификации .за светско првенство 2010 12 август 2010 Словенија Австралија 2 – 0 Пријателски натпревар

Поврзано Список на фудбалски судии

Наводи

Надворешни врски AusFootball.net Profile World Referee profile

Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалски судии Категорија:УЕФА Лига на шампиони судии Категорија:УЕФА Лига Европа судии