Свети маченик Кипријан Слепченски — македонски православен светител од времето на турското владеење во Македонија. Според досегашните научни сознанија се знае дека Кипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче, и дека маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот Кипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче. Во рамките на подготовките за кантонизација на игуменот, се испитува дали овој новомаченик водел потекло од слепченскиот крај. Досега не постои пишан документ за неговото место на раѓање. Во тек е изработката на неговата икона што се изработува во сестринското ателје на манастирот Слепче.

Житие За маченичката смрт на Кипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три.“ Во записот понатаму е напишано дека Турци го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. Записот наведува:

Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и сè што пронашле во храмот однеле во тогашниот Монастир (Битола). Записот е значаен не само од историски аспект, туку и од јазичен, зашто бил напишан на македонски народен говор од централно македонско наречје. Денес, Висарионово „Четвороевангелие“ се наоѓа во Народната библиотека во Белград, Србија под број Рс 102. Манастирот во Слепче бил познат книжевен и преведувачки центар. Овде книжевната дејност се појавила во 11 век и осум века се создавале вредни ракописи. За жал, овој вреден скрипториум бил разграбан во 19 век и ракописите однесени во Русија, Србија, Бугарија и на други места.

Канонизација Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари 2017 година донесе одлука за негова канонизација. Канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски се одржала на 30 април 2017 година во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар. На канонизација за прв пат беа изложени светите мошти на Свети Кипријан Слепчански кои се чуваат во овој манастир , како и иконата насликана од манастирското сестринство.

Поврзано Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче

Наводи

Надворешни врски Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, прв дел на Јутјуб Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, втор дел на Јутјуб Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, трет дел на Јутјуб Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, четврт дел на Јутјуб Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, петти дел на Јутјуб Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, шести дел на Јутјуб

Кипријан Слепченски Категорија:Христијански маченици од Македонија Категорија:Христијански маченици од 18 век