Свети Јован Претеча () — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Агиос Јонис Продромос бил дел од општина Ревеник.
Географија и местоположба
Свети Јован Претеча се наоѓа на 20 километри западно од градот Еросово и на 11 километри јужно од Ревеник, во југоисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 156 метри.
Демографија
Селото за првпат на пописите се споменува во 1940 година. Така во 1940 година селото броело 123 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 131 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 152 жители, во 1971 година имало 48 жители, во 1981 година имало 32 жители, додека во 1991 година имало 23 жители. Денеска, населението на селото е 38 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Надворешни врски Општина Аристотел
Категорија:Аристотел (општина)