Враста () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Врасна била дел од општина Агиос Георгиос.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 81 километри источно од Солун и на 9 километри северно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на Богданска Планина.

Аспровалта опфаќа површина од 41 квадратни километри.

Историја

Во источниот крај на старото село е зачувана средновековната Врастенска кула од XV век. Селото се споменува во атонски документи. Кон 1300 година селото припаѓало на катепантата Стефанина, а подоцна кон катепантата Рендина.

Селото се појавува за првпат во писмените извори во почетокот на XVI век со името Враста. Макс Фасмер го извел името на селото од словенското брѣстъ (брест) - објаснување што е општо прифатено. Оваа етимологија покажува дека Словените биле меѓу основачите на населбата пак уште во почетната епоха селото имало мешано населениеБожилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, с.40.. Селото било познато благодарение на четири практикони за имотите на манастирот Есфигмен на Света Гора, кои датираат од годините 1300, 1318 и 1321. Овие документи го одразуваат етно-демографскиот изглед на селото во текот на четвртина векБожилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, стр. 41-44..

Во XIX век Враста било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 850 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 60-тите години на XX век години жителите на селото се преместиле на морскиот брег и ја основале Нова Враста (Неја Врасна).

Демографија

Во 1928 година селото било бегалско село со 877 семејства, додека во 1940 година селото броело 951 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 1043 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1058 жители, во 1971 година имало 789 жители, во 1981 година имало 540 жители, додека во 1991 година имало 427 жители. Денеска, населението на селото е 278 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1868 г., но подоцна обновена Врастенска кула — одбранбена кула од средниот век

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик

Категорија:Бешик