Ос () е општина и град во јужна Холандија, во покраината Северен Брабант.

Центри на население Име Населено место Берхем 6,900 Харен 785 Херпен 2552 (во 2005 г.) Литх 6,724 Махерен 722 Мехен 1,686 Ос 57,980 Равенстеин 3,724

Топографија

Холандско Топографска карта на Ос (општина), Јуни 2015

Градско централно подрачје на Ос Ос има трговски центар со продавници, вклучувајќи, ги Хаутброкс, Ц & A, В & Д и многу повеќе. Центарот има многу плоштади. Единствени вистински шопинг улици (најдобро познати) се Хеуфелстрат, Валстрат и Пеперстрат. Плоштадите се поврзани со овие трговски улици и патишта. Овие премини исто така, содржат продавници. Еден од овие премини имал реконструкција во 2014 година, и сега личи на старите холандски улици. Градот Ос Постојат археолошки докази дека луѓето живееле во и околу Ос пред 4.000 години. Големи археолошки наоди биле пронајдени во Форстенхраф (Ос) како домороден-римски погреб во областа на Ос-Усен.www.archaeology.leiden.

Ос бил првпат споменат во писмото на папата Александар II на 6 мај 1069 година. На Ос му биле доделени градските права во Холандија во 1399 година од страна на војвотката Јохана ван Брабант. Денешен Ос има неколкухемиски и фармацевтски индустрии како Мерк & ко (претходно Шеринг-Плуг, Органон и Диосинт). Ос, исто така е домаќин на професионалниотфудбалски тим Топ Ос, кој е родното место на поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид Руд ван Нистелрој, иако не играл за локалниот тим, но тој играл за соперниците екипата на Ден Бош.

Популарниот алтернативен рок бендГетеринг, е формиран во 1989 година, и првично потекнува од Ос.

Берхем

Берхем е мал град источно од Ос со население од 6,900. Берхем моментално ќе биде проширен со многу нови куќи во Пикенхоф.

Мехен

Мехен е мал град со население од 1,686 жители блиску до реката Мас.

Округот Мехен (вклучувајќи го Харен, Махарен ), бил основан околу 1145 година. градските права ги добил во 1357 година. Во 1810 година, во округот Меген се припоиле и општината на Харен и Махарен кои исто така припаѓале. Таа станала дел од општината на Ос во 1994 година.

Равенстеин

Равенстеин (население: 3,728) — град и општина до 2003 година, кога била припоена во рамките на општина Ос. Општината е покриена со површина од 42,68 км2 и, исто така, тука се вклучени селата: Демен, Дененбург, Деурсен, Диден, Херпен, Хаусселинг, Кент, Колвајк, Нерланхел, Нерлон, Оверланхел.

Равенстеин ги добил градските права во 1380 година.

Галерија

Сообраќај Железничка станица: Ос, Ос запад, Равенстеин

Познати личности

Руд Ван Нистелрој (роден 1976 година), холандски интернационален фудбалер.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Општини во Северен Брабант Категорија:Градови во Холандија Категорија:Населени места во Северен Брабант