Ересели или Ресели (, Пондоираклија, до 1954 година Ερεσελή, Ερεσελίον, Ересели, ЕреселионΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ερεσελίον -- Ποντοηράκλεια) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија. Населението брои 527 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа северно од градот Ругуновец (Поликастро), близу до границата со Република Македонија. Јужно од селото е сместено Арџанското Езеро, коешто денес е целосно пресушено.
Историја
Во Отоманското Царство Во почетокот на XX век Ересели е турско село во гевгелиската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 Ересели има 188 жители Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
Во Грција После Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени понтски Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година целото село е бегалско со 92 семејства и 333 жители бегалци. Во 1954 година селото е преименувано во Пондоираклија, во превод Понтска Ираклија.
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)