Хасан Балар ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 37 километри источно од градот Драма и на 19 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.

Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Паламбела.

Демографија

До 1928 година во селото биле населени 112 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 112 жители, додека во 1940 година селото броело 186 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 145 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 154 жители, во 1971 година имало 81 жител, во 1981 година имало 64 жители, додека во 1991 година имало 95 жители. Денеска, населението на селото е 48 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Бук