Субашќој (; до 1927 г. Σουμπάσκιοϊ, Субасќој;) — село во Општина Довишта во Серскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 7 километри источно од градот Сер и на 7 километри западно од Довишта, на надморска височина од 234 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 620 ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 820 Грци и 15 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 850 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201., и функционирало грчко училиште.
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1239 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1349 жители.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Нео Сули.
Демографија
Во 1928 година селото броело 1861 жител, додека во 1940 година селото броело 2275 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 2432 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2720 жители, во 1971 година имало 1963 жители, во 1981 година имало 1903 жители, додека во 1991 година имало 2070 жители. Населението броело 2.399 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости мини|десно|Црквата „Успение на пресв. Богородица“ Цркви Успение на пресв. Богородица од 1836 г. Св. Димитриј од 1836 г. Св. Марина од 1880 г. Св. Јован Претеча од 1891 г. Св. Илија од 1900 г. Св. Ѓорѓи од 1927 г.
Наводи
Надворешни врски Субашќој Мрежно место на гимназијата во Субашќој Субашќој на мрежното место на општината Довишта Леонард Шулце Јена за земјоделството во Субашќој 1918–1921 — Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder, 1927 Аероснимки на селото
Категорија:Довишта