Киракали (, до 1940 г. Κυρά Καλή, Кира Кали) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 130 жители
Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 5 километри западно од градот Гребен.
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Киракали е муслиманско грчко село во Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Киракали било населено со 350 валахади (грчки муслимани).Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.
Според пописот од 1920 година Насинокос е целосно муслиманско грчко село со 63 семејства и 200 жители.
Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 76 семејства и 249 жители.
Во 1940 година името на селото е изменето во Киракали.
Демографија Пописи 1913 - 191 жител 1920 - 145 жители 1928 - 249 жители
Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Киракали денес Главен селски настан е Голема Богородица (15 август), кој е празник на основната црква „Успение на Пресвета Богородица“. Во реонот на селото има уште 3 параклиса.Официjалno туристичко семрежно место за Западна Македонија
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Гребен
Категорија:Гребен (општина)