Маџар Чифлик или Идромили,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Υδρόμυλοι -- Λυδία () — село во Општина Кавала во Кавалскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 252 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Саришабанската Каза во составот на Отоманското Царство.
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Лидија.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 72 грчки семејства со 260 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 260 лица, додека во 1940 година селото броело 511 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 800 жители, во 1981 година имало 875 жители, додека во 1991 година имало 843 жители. Денеска, населението на селото е 808 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Кавала