Липси () — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 23 жители

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 15 километри северозападно од градот Гребен, околу 4 километри јужно од Ванцико.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Липси е христијанско грчко село во северниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во тој и во претходниот период, Липси е мало чифлигарско село на семејството на Хусеин-бег. Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Липси живеат 105 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Липси станува дел на Кралството Грција.

Демографија Пописи Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 100 жители 1920 - 100 жители 1928 - 122 жители

Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

Категорија:Гребен (општина)