Схидам () — град и општина во провинцијата Јужна Холандија во Холандија. Таа е дел од Ротердамската метрополитенска област. Градот се наоѓа западно од Ротердам, источно од Влардинген, и јужно од Делфт. На југ е поврзан соПернис од страна на Бенелукс тунелот.
Историја Како мал град се развивал многу брзо и претставувал брана од морето заради заштита од полавување на земјиштето. Во 1275 година Схидам ги добил градските права од Лејди Аделаида, во својство на сестрата на Вилијам II, владеел Грофот од Холандија. Во 18-от век за време на Златното време, Џин индустрија доживувеала вистински бум. Увозот на пијалак од Франција ја направила појавата на многубројните дестилерии во градот. Од десетици дестилерии ЏинЈеневер е извезувала низ целиот свет. Индустрија Џин му го даде на градот прекарот "Црн Назарет. Оваа индустрија денес во голема мера веќе не постои. Во тој период во градот имало пет ветерници, кои се викале Северна , Валвиш , Дри Корнблумен , Нов Палмбом и Фрајхелд - претставувале највисоки традиционални ветерници со стил во светот.
На 10 август 1856 година се случила првата голема железничка несреќа во Холандија во близина на железничката станица Схидам Централ, предизвикувајќи 3 смртни случаи. На 4 мај 1976 година се случила уште една железничка катастрофа, во близина на станицата што предизвикала 24 смртни случаи
На крајот на 19 и во текот на 20 век, бродоградбената индустрија е во голем подем во Схидам, со постоење на големи компании како Вилтон-Фејенорд и други. На крајот на 20-от век бродоградбената индустрија во голема мера исчезнала и во денешно време Схидам главно е патнички град и дел од метрополитенската област на Ротердам. Географија Градот Схидам е сместен во холандската покраина Јужна Холандија. Тој е затворен помеѓу Ротердам на исток, и Миден-Делфланд (север), Флардинген (запад) и реката Мас на (југ).
Демографија
Историска популација
1995 − 73,480 жители 2000 − 75,589 жители 2010 − 75,565 жители 2013 − 76,216 жители
Source: CBS
Поврзано HMS Schiedam
Наводи
Надворешни врски
Historical Society Schiedam Windmills of Schiedam, official site
Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Јужна Холандија Категорија:Населени места основани во 13 век Категорија:Населени места во Јужна Холандија