Маденска Река (позната и како Меденска Река или Тополничка Река) — река во Источна Македонија и десна притока на реката Крива Лакавица.
Течение
Реката извира во западниот дел на планината Плачковица. Нејзиното течение е низ Лакавичко, западно од градот Радовиш, покрај патот Штип-Радовиш. Се влева во реката Крива Лакавица од нејзината десна страна.
Хидрографија
Маденска Река е долга 19,5 км. Нејзиниот извор е на надморска височина од 950 метри, а вливот на надморска височина од 330 метри, со што висинската разлика изнесува 620 метри. Сливно подрачје на реката е со вкупна површина од 65,35 км2.
Стопанство
По течението на реката во горниот тек е изградено Тополничко Езеро коешто служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) од преработката на бакарната руда ископана од околниот рудникот „Бучим“.
Знаменитости По течението на реката, јужно од штипското село Шопур, е сместено археолошкото наоѓалиште Мадемска Река коешто е остаток од рудник од римско време.
Галерија
Поврзано Крива Лакавица Лакавичко Дамјан Тополница Мадемска Река — археолошко наоѓалиште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Плачковица Категорија:Дамјан Категорија:Тополница (Радовишко) Категорија:Брест (Штипско)