Стивен Фредерик Сигал () — американски филмски глумец, режисер и сценарист, кој е роден на 10 април 1952 година во Лансинг. Познат е како мајстор по аикидо. Исто така е познат и како заштитник на животната средина и активист за правата на животните. Има црн појас седми дан во аикидо, и учител е по аикидо во Јапонија.

Животопис Стивен Сигал е роден на 10 април 1952 г. во градот Лансинг, држава Мичиген. Неговиот татко, Семјуел Сигал, бил гимназиски наставник по математика (син на имигрирани руски Евреи), а неговата мајка Патриша била медицински технолог (со ирско потекло). Кога имал 5 години, неговото семејство се преселило во државата Калифорнија. Таму Сигал учел во гимназијата Буена Парк. На 7-годишна возраст почнал да учи карате кај Фумио Демура.

Како младинец, се заинтересирал за аикидо — боречка вештина што се потпира на техниката и користење на силата на противникот во борбата. Тој покажал многу добри резултати и самодисциплина. Во 1967 г., во Јапонија, ја набљудувал демонстрацијата по аикидо, изведена од основачот на боречката вештина, о-сенсеи Морихеи Уешиба. Тогаш се обучувал и кај еден од најблиските соработници на основачот на аикидо, од кого добил и седми дан. Враќајќи се во САД, Сигал станал учител по аикидо во Бурбенк, Калифорнија, каде што бил и раководител на школата, наречена доџо.

Се произведува енергетски пијалак „Молњата на Стивен Сигал“ (по негов личен рецепт, кој содржи комбинација од билки) и парфем што го носи неговото име. Интересен факт, кој го демонстрира и во некои од неговите филмови, е тоа што тој добро свири гитара.

Имал издадено и неколку сопствени песни во стилот поп и блуз.

Во 2016 г., добил српско државјанство со указ на премиерот на Србија, Александар Вучиќ. Во исто време, бил избран за доктор хонорис кауза на приватниот универзитет на браќата Кариќ. Истата 2016 г., добил и руско државјанство, станувајќи член на парламентарната партија „Праведна Русија“.

Филмографија Година Македонски наслов Изворен наслов Улога Белешки 1988 Над законот Above the Law наредник Николо „Нико“ Тоскани исто така автор на приказната и продуцент 1990 Тежок за убивање Hard to Kill детектив Мејсон Сторм исто така ненаведен сценарист 1990 Обележан за смрт Marked for Death агент Џон Хачер исто така продуцент 1991 Во потрага по правда Out for Justice детектив Џино Фелино исто така продуцент 1992 Под опсада Under Siege Кејси Рајбек исто така продуцент 1994 На опасна територија On Deadly Ground Форест Тафт исто така режисер и продуцент 1995 Под опсада 2: Мрачна територија Under Siege 2: Dark Territory Кејси Рајбек исто така продуцент 1996 Извршна одлука Executive Decision потполковник Остин Травис 1996 Блескавиот човек The Glimmer Man потполковник Џек Кол исто така продуцент 1997 Оган под земјата Fire Down Below агент Џек Тагерт исто така продуцент 1998 Мојот џин My Giant самиот себеси камео 1998 Патриот The Patriot д-р Весли Макларен право на ДВД; исто така продуцент 2001 Прострелни рани Exit Wounds Орин Бојд 2001 Временска бомба Ticker Френк Глас ограничено прикажување 2002 Смртоносна зона Half Past Dead Саша Петросевич исто така продуцент 2003 Странецот The Foreigner Џонатан Колд право на ДВД; исто така продуцент 2003 Одмаздник Out for a Kill професор Роберт Барнс право на ДВД; исто така продуцент 2003 Во утробата на ѕверот Belly of the Beast Џејк Хопер право на ДВД; исто така продуцент 2004 Клементина Clementine Џек Милер 2004 Надвор од дофат Out of Reach Вилијам Лансинг право на ДВД; извршен продуцент 2005 Пресметка со јакузата Into the Sun Травис Хантер право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2005 Потонати Submerged Крис Коди право на ДВД; извршен продуцент 2005 Денес умираш Today You Die Харлан Банкс право на ДВД; исто така продуцент 2005 Црна зора Black Dawn Џонатан Колд право на ДВД; исто така продуцент 2006 Платеник Mercenary for Justice Џон Сигер право на ДВД; извршен продуцент 2006 Човекот сенка Shadow Man Џек Фостер право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2006 Ударна сила Attack Force командант Маршал Лосон право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2007 Пеколен лет Flight of Fury Џон Сандс право на ДВД; исто така сценарист 2007 Градска правда Urban Justice Сајмон Балистер право на ДВД; исто така продуцент 2008 Удар со пиштол Pistol Whipped Мет Конер право на ДВД; исто така продуцент 2008 Кромидов филм The Onion Movie Кок Панчер право на ДВД 2008 Смртоносен удар Kill Switch Џејкоб Кинг право на ДВД; исто така сценарист 2009 Против темнината Against the Dark Тао право на ДВД; исто така продуцент 2009 Руслан Driven to Kill Руслан Драчев право на ДВД; извршен продуцент 2009 Чувар The Keeper Роланд Салинџер право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2009 Опасен човек A Dangerous Man Шејн Даниелс право на ДВД; извршен продуцент 2010 Мачета Machete Рохелио Тореспрво широко киноиздание по 2002 г. 2010 Роден за пеколот Born to Raise Hell Роберт Семјуелс право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2011 Овчо влијание Sheep Impact Пол Виланд кусометражен филм 2012 Максимална пресуда Maximum Conviction Крос право на ДВД; исто така продуцент 2013 Господар на злосторството Force of Execution Џон Александар право на ДВД; исто така продуцент 2014 Добар човек A Good Man Џон Александар право на ДВД; исто така продуцент 2014 Безмилосна игра Gutshot Straight Поли Транкс право на ДВД 2015 Платеник: Прошка Absolution Џон Александар право на ДВД; исто така продуцент 2016 Снајпер: Специјален одред Sniper: Special Ops Џејк Чандлер право на ДВД 2016 Кодекс на честа Code of Honor Роберт Сајкс право на ДВД2016Азиската врскаThe Asian ConnectionГан Сиранкириправо на ДВД; исто така и извршен продуцент2016Совршено оружјеThe Perfect Weapon„Директорот“право на ДВД 2016 Врвот на пиштолот End of a Gun агент Мајкл Декер право на ДВД; исто така продуцент 2016 Договор за убиство Contract to Kill Џон Хармон право на ДВД 2017 Кинески продавач China Salesman Лаудер 2018 Последна мисија Attrition „Секира“ право на ДВД; исто така сценарист и продуцент 2019 Генерален командант General Commander Џејк Александар право на ДВД 2019 Прекршен закон Beyond the Law Августино „Фин“ Адаир право на ДВД

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски глумци Категорија:Родени во 1952 година Категорија:Луѓе од Лансинг Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Американски филмски глумци