Ароматаза, исто така нарекувана естроген синтетаза или естроген синтаза, е ензим одговорен за клучниот чекор во биосинтезата на естрогените. Претставува CYP19A1, член на цитохром P450 натсемејствата (), монооксигенази кои катализираат голем број на реакции во стероидогенезата. Ароматазата е одговорна за ароматизацијата на андрогените во естрогени. Овој ензим е присутен во многу ткива вклучувајќи ги гонадите, мозокот, масното ткиво, плацентата, крвните садови, кожа и коски.
Наводи
Категорија:EC 1.14.14 Категорија:Гени на хромозомот 15